Вардар без проблеми против Овче Поле: Деби гол на Диабате (ВИДЕО)

340

Вардар без никакви проблеми го мина првото коло од Купот на Македонија, совладувајќи го Овче Поле со убедливи 5:0. „Црвено-црните“ ја имаа контролата и во текот на целиот натпревар имаа целосна доминација.

Резултатот го отвори Диабате, кој го постигна својот првенец во дресот на Вардар. Во второто полувреме, Омерагиќ продолжи со одличната реализација и со својот прв гол зголеми на 2:0. Спахиу погоди за 3:0 и практично ги реши сите дилеми околу победникот.

Омерагиќ со својот втор гол на мечот зголеми на 4:0, додека конечните 5:0 ги постави Николов, за убедлив триумф на македонскиот шампион.

ПретходноДимарко е Играч на сезоната во Серија А!
СледноНа ЕвроВолеј 2026 ќе се „тестираат“ новите одбојкарски правила