Лига Европа: Дијамантот против Спартак Москва, Адеми и Ристовски на гости кај Генк!

89

Вечерва се играат мечевите од 2.коло во групната фаза во Лигата на Европа. Од нашите претставници, Елиф Елмас со својот Наполи дома ќе ги одмери силите со Спартак Москва. Повеќе од јасно е дека Наполи е голем фаворит, ако се знае дека тимот на нашиот Дијамант игра во супер форма.

Овој натпревар за почнува во 18:45 часот.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со својот Динамо Загреб гостуваат во Белгија, кај тимот на Генк. Ова за “модрите“ ќе биде тешко гостување, тука нема дилеми.

Инаку средбата започнува во 21 часот.

Од останатите интересни мечеви издвојуваме Фенербахче – Олимпијакос, Сосиедад – Монако, Селтик – Леверкузен, Лацио – Локомотив Москва, Лудогорец – Ц. Звезда.

Вечерва се играат и мечевите од 2.коло во групата фаза и во Конферциската Лига.

Како најитересни ги издвојуваме меѓу Партизан и Флора, Тотенхем ја дочекува Мура од Словенија,Рома гостува кај Зорија, Линколн, тимот од Гибралтар гостува кај Копенхаген.

ПретходноЕвертон и Ливерпул во битка за напаѓачот на Порто
СледноШто се случува со “лавовите“: Три убедливи порази во серија…играта катастрофа!