Ѓоргиев, Милев, Јованов: Искуството може да ни биде голема предност, гладни сме за резултат

71

На денешната прес-конференција пред заминувањето на Европското првенство во Бугарија, македонските репрезентативци не криеја дека со ладни глави влегуваат во четвртиот настап на континенталниот собир. Искуството кое оваа генерација со многу мали промени го носи со себе и на овој шампионат, треба да биде наша предност, но и обврска да се даде максимумот и против најсилните селекции во „групата на смртта“.

„Навистина сме во една многу тешка група. Меѓутоа никој не може да ни го одземе правото да сонуваме, на теренот сме сите 6 на 6, со либеро 7 на 7. Моменталните резултати на Бугарија, Украјна, Полска, навестуваат дека тие се огромни фаворити против нас, меѓутоа, ако ги прашате и Португалија и Израел, тие веќе имаат запишано победата против нас, така што, ќе биде интересно. Мислам дека ние треба да бидеме многу внимателни со нашата игра, да ја подобриме од нашите од Европската лига и мислам дека многу спремни доаѓаме на ова Европско прајенство. Мораме да бидеме ние како играчи постарите, мудри, да не не понесеме еуфоријата, да не не понесат емоциите, особено на оние одлучувачки натпревари. Искрено, ова за нас претставува еден вид на настап како на Олимписки игри. Мможам да ветам дека ќе изгинеме за секоја топка и со Господ напред се надевам дека ќе израдуваме македонската јавност“, вели капитенот Ѓоргиев.

Искусниот Владо Милев кому ова ќе му биде последен настап во нациоанлниот тим додаде:

„Четврто европско за нас. Мислам дека имаме доволно искуство на вакви натпреварувања. Противниците се, како што повеќето спомнаваме, од највисок ранг, но тоа не значи дека немаме играње против такви противници. Наше е да го дадеме максимумот и, како што знаете, тоа е спортот. Нема лесен и тежок противник“. 

Младоста во националниот тим полека треба да го презема и стартниот тим. Новото либеро во националниот тим Филип Јованов се надева на добро преставување.

„Искрено, чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од едно такво големо натпреварување. Особено заради тоа што претходите три првенства ги следев на малите екрани. Свесни сме какви противници имаме, но и свесни сме дека и ние сме спремни да го дадеме нашиот максимум. Ќе се бориме за секој сет, секој поен, секој натпревар“. 

ПретходноОдбојкарите подготвени одат на Европско: Португалија и Израел се наша шанса, нема предавање ни против светските велесили
СледноШефити дел од Ал Ороба