Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне, имаше пред утрешниот натпревар на гости против Атлетик Билбао. Аргентинскиот стратег коментираше за голем број теми поврзани со тимот, вклучувајќи ја ситуацијата околу напаѓачот Хулијан Алварез.
За својот сонародник Симеоне рече:
„Тој тренира многу добро. Ќе биде во тимот за натпреварот и очекувам најдобро од него, како и од сите негови соиграчи. Јас сум многу директен – за мене, животот е полн со можности. Сега Хулијан има можност да ги среди своите работи. Честопати го поминуваме времето осудувајќи и треба помалку да се грижиме за тоа и да учиме повеќе. Се надевам дека ова му послужи како лекција. И да биде среќен, и како што Футре, на кого му испраќам прегратки, му рече вчера во едно убаво видео – да го прави тоа со постигнување голови.“
Запрашан за битката со гигантите Реал Мадрид и Барселона, Симеоне беше категоричен:
„Она што се случува веќе 15 години нема да се промени. Реал Мадрид, Барселона и сите ние останатите се обидуваме да им се приближиме.“










