Интересно: Павловиќ одбил трансфер од Баерн во Сити!

66
ФОТО:.facebook.com/fcbayern.en

Манчестер Сити ова лето целосно го реконструираше средниот ред, потроши речиси 400 милиони евра за Енцо Фернандез, Ајуб Буади и Елиот Андерсон, но наместо еден од нив сакаа да го засилат тимот од Баерн Минхен со Александар Павловиќ.

Според германскиот Билд – многу добро упатен во настаните во Баерн, Сити бил исклучително заинтересиран да го доведе Павловиќ, но тој ја отфрлил таквата можност. Овој 22-годишен фудбалер, роден во Минхен со српски корени, е на радарот на „Граѓаните“ од март, кога го идентификуваа како нивна примарна цел за позицијата централен играч за врска наместо Родриго. Тие наводно биле подготвени да платат дури 100 милиони евра, но Александар не покажал интерес да ја напушти Баварија.

До пролетта, во клубот стана јасно дека менаџерот Пеп Гвардиола ќе ја напушти својата позиција, а дека ќе биде заменет од Енцо Мареска, кој лично се обиде да го убеди Павловиќ да се пресели, но без успех. Бидејќи германскиот репрезентативец категорично ја отфрли можноста за трансфер, англискиот клуб никогаш не испрати официјална понуда.
После тоа, Сити целосно го реконструираше својот среден ред во неодамна завршениот преоден рок: Родри (се пресели во Барселона), Бернардо Силва (Реал Мадрид), Тијани Рејндерс (Ал Кадсија) и Нико Гонзалез (Њукасл) го напуштија клубот. Долго време, „Граѓаните“ го имаа само Андерсон (донесен за 135 милиони евра од Нотингем Форест) како замена, но кон крајот на преодниот рок ги потпишаа Буади (за 95 милиони евра, Лил) и Енцо (за 145 милиони евра од Челзи). Вкупно, Сити потроши 375 милиони евра само за играчи од средниот ред.
Во меѓувреме, Александар Павловиќ помина низ младинската академија на Баерн и минатата сезона одигра 44 натпревари за Баерн. Постигна четири гола и запиша две асистенции. Дебитираше за германската репрезентација во јуни 2024 година и досега има одиграно 15 натпревари.

ПретходноРК Вардар тргна со победа: Шампионот рутински на стартот против Пелистер 2!
СледноПМФЛ: Шкендија Арачиново победнички во Штип!