ТК Евросет домаќин на Државното тениско првенство за ветерани

36
ФОТО:.facebook.com/www.evroset.mk/

Престојниот викенд во тенискиот клуб Евросет од Скопје ќе се одржи државното првенство во тенис за ветерани и ветеранки. Во сабота од 9 часот ќе почне најважниот турнир во сезоната за тениските ветерани (30+ години и 50+ години) и ветеранки (30+ години) во Македонија, државното првенство.

Овојпат тоа ќе се одржи на терените на тенискиот клуб Евросет на Зајчев Рид во Скопје.Пријавени се повеќе од 30 ветерани и осум ветеранки. Натпреварите ќе се играат од 5. до 7. септември.

ПретходноСимеоне: “Алварез ќе биде во тимот утре, се надевам дека ова беше добра лекција за него“!
СледноРК Вардар тргна со победа: Шампионот рутински на стартот против Пелистер 2!