КК Маџари со ново име – КК Скопје!

116

Минатата сезона ја завршија како втори, што беше историски успех, а во оваа на само месец ден пред стартот на сезоната, си го сменија името или се ребрендираа. Па така сега КК Маџари ќе се вика КК Скопје.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ – име кое носи препознатливост, традиција и амбиција, но пред сè, име кое го обединува духот на нашиот град и спортската енергија на Општина Гази Баба.
Ова не е само промена на името.
Ова е нов чекор во градењето на една уште поголема и попрепознатлива спортска приказна.
Гази Баба отсекогаш била место каде што се создаваат спортисти, каде што се живее за спортот и каде што младите го учат најважното – дека со работа, посветеност и тимски дух, границите не постојат.
А таму каде што има спорт, има и навивачко срце.
Затоа, со посебна почит го повикуваме и нашето навивачко јадро – „Пирати“.
Време е повторно да се обединиме.
Време е трибините да имаат глас.
Време е Гази Баба повторно да покаже што значи да се стои зад својот клуб.
КК СКОПЈЕ ќе го носи духот на Гази Баба на секој натпревар, а заедно со „Пиратите“ сакаме да создадеме атмосфера која ќе биде наша препознатлива сила.
Од Маџари до Скопје.
Од традицијата кон иднината.
Од трибините до теренот.
Ова не е само наш клуб.
Ова е клуб на сите што го чувствуваат Скопје и Гази Баба како свои.

ПретходноПромоција: Филип Антовски во дресот на Елбасан!(ФОТО)
СледноЛиверпул го пријави составот за ЛШ, две големи ѕвезди нема во него