Во 2015 година американскиот бизнисмен со српски корени Милан Мандариќ ја купи Олимпија од Љубљана за четири милиони евра, сега ја продава на германскиот бизнисмен Адам Делиус за пет милиони, пренесува „Дело спорт“. Три милиони ќе одат да се отплатат долговите како и други оперативни трошоци, а два милиони одат на сметката на Мандариќ.
Мандариќ кој има 73 години беше сопственик на клубови како Портсмут, Лестер и Шефилд Венздеј, а во Словенија прво работеше со Копер но таа приказна не заврши успешно. Со Олимпија освои пет трофеја (два пати првенството и три пати купот), но не успеа да ја оствари главната замисла да остави трага во Европа и да го одржи клубови во стабилна финансиска состојба.
Спортски директор останува Младен Рудоња, а се „шушка“ дека нов тренер ќе биде Саво Милошевиќ.