Шалке го прекина проклетството: По 9 години не загуби од Баерн

43
фото: FC Schalke 04 @s04 (X)

Шалке и Баерн Минхен денеска одиграа без голови, 0:0, во второто коло од Бундеслигата, а домашниот тим успеа да ја прекине серијата од 12 последователни порази од Баерн.

Последен пат Шалке избегна пораз од баварскиот гигант во далечната 2017 година, кога средбата заврши нерешено – 1:1. За Баерн ова е првиот кикс во новата сезона во Бундеслигата.

Шалке, пак, освои важен бод и стави крај на долгата црна серија против германскиот гигант.

ПретходноУште еден спектакуларен пресврт во Серија А: Аталанта загуби добиен натпревар на „Олимпико“