Македонскиот младински репрезентативец Васил Ташовски повторно е стрелец за својот тим Младост Лучани. Ташовски вчера донесе три бода со својот гол во победата од 1:0 против тимот на Раднички Ниш и на тој начин неговиот тим се задржа онаму каде што и посакува да биде, при самиот врв на табелата.
Тимот на Младост Лучани со оваа победа е на четвртата позиција со освоени тринаесет бода, по осум одиграни кола.
Од друга страна пак, Ташовски е во фантастична форма, и на последнте четири меча постигна еве веќе три гола. Од офанзивецот веќе „страдаа“ Земун, Партизан, а еве сега и Раднички Ниш.
Да потсетиме, Васил Ташовски е момче кое ни доаѓа од Србија но кое секако има македонско потекло. Изникна во школата на Чукарички, кратко беше и во Партизан, за сениорскиот момент да го дочека во Напредак, пред да пристигне во Младост. Засега настапи за нашата У20 репрезентација, но со оглед на неговата форма, мора веднаш да се реагира и во овој репрезенативен прозорец да биде повикен за официјален настап за Македонија, бидејќи многу лесно може да се случи и тој да биде повикан и за Србија.










