Во Штип е можна смена на тренерот Кузманов

294

Тешка средина за работа во фудбалот е Штип, а можеби и најтешка, па оттука и најавите од Брегалница дека е можна разделба со тренерот Никола Кузманов. Штипјани се разочарани по непланираниот пораз во петокот на домашен терен од Шкендија Арачиново.

Натпревар кој ги покажа сите слабости на екипата и натпревар по кој некои работи во клубот мора да се менуваат. И како што бива прв на пик е тренерот, а тоа е Никола Кузманов. Стратег кој досега ги положи домашните испити и киксна на последниот со екипата од Арачиново, а на гости има „три од три“ порази и тоа кај Вардар, Шкендија и Струга.

Уште во летото а и сега се шпекулира дека скопскиот тренер Александар Танески ќе ја превземе клупата на Брегалница, тренер кој на пример го следеше дуелот со „сините“ во Скопје со Вардар заедно со штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

ПретходноКостадинов почести за новородениот син
СледноДа се избориме за Ахмети, Таири, Јакупи…..