Само стружани имаат стартни “осум од осум“: И Шкендија не успеа да го урне рекордот на Струга ТЛ!

100
ФОТО:.facebook.com/Fcstruga

Во тек е 35-тата сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија. И по поразот на Шкендија во петокот од Тиквеш со 1:3, и тоа како домаќин, сега јасно е дека уште најмалку една година ќе почекаме да се најде јунак за да го урне рекордот на Струга ТЛ од стартни “осум од осум“ победи во една сезона.

Шкендија одлично тргна сезонава, пет победи на исто толку мечеви. Тимот на стратегот Артим Положани беше во супер форма, но Нфанли Сила со хет – трик покажа дека нема непобедливи. Па така тетовци останаа само на стартни “пет од пет“.

Струга ТЛ во сезоната 2022/23 предводена од стратегот Срѓан Захариевски имаше осум победи на првите осум средби. На крајот од сезоната ја освои првата своја шампионска титула.

А се започна летото во таа 2022 година со победата над Победа (3:0 д), па следуваа победите со Брегалница (0:1 г), Работнички (2:1 д), Шкендија (0:2 г), Силекс (2:1 д), Брера (0:3 г), Скопје (3:0 д), Тиквеш (2:0 д). Крајот на серијата беше означен во Ѓорче каде во 9.коло Македонија ЃП одигра со Струга ТЛ 1:1.

Ова значи дека и натаму Струга ТЛ може да се фали дека го има рекордот по бројот на стартни победи во една сезона во историјата на ПМФЛ кај себе.

ПретходноДенеска се игра 180. вечно дерби, а Гаштаров е нашиот претставник
СледноАморим во пресрет на дербито со Јуве: Милан го има најдобриот тим во светот!