Македонскиот интернационалец и репрезенаттивец Матеј Гаштаров вчера го одигра своето прво големо дерби како член на Цервена Звезда, во дуелот со Партизан.
Извојувана е победа од 2:1, во која што нашиот сега веќе А репрезенаттивец, имаше огромен удел со изнудениот пенал во финишот на првото полувреме.
Тренерот Риера има огромна доверба во нашиот играч, кој што во меѓувреме доби и пасош на Србија, па е „џокер“ играч што се вели до 21. година.
По мечот нормално детална анализа на одиграното од страна на сите актери на терен, а нашиот Гаштаров има оценка 8.1, што е фантастично и само процент помала од онаа на Мирко Иваниќ најдобро оценетиот играч на овој меч со 8.2.











