Лестер во Варшава игра без Ихеначо, фудбалерот не видел дека му истекол пасошот

149

FOTO> Тwitter

Лестер игра против Легија во Варшава во рамките на 2. коло од групната фаза на Лига Европа и на полувреме губи со 1:0. „Лисиците“ го најавија Келечи Ихеначо, меѓутоа тој отпадна од составот, а откриена е причината за тоа.

Од клубот соопштиа дека се работи за проблеми со документи не наведувајќи за што точно се работи. Поточно, на фудбалерот му бил истечен пасошот што е голем пропуст како на клубот така и на самиот играч. Контролорите на аеродромот во главниот град на Полска биле принудени да го вратат Ихеначо назад во Англија.

Младиот Нигериец солидно ја почна сезоната затоа што постигна два гола на седум натпревари во сите конкуренции за „лисиците“.

ПретходноАрсенал го нуди Лаказет на Милан
СледноМитревски му донесе победа на Порто во Букурешт