Керик: Ова реми делува како пораз, но не ја започнавме сезоната толку лошо

55

Екипата на Манчестер Јунајтед вчера, иако на два пати имаше водство, сепак, на крајот Евртон успеа да израмни на 2:2, со одличниот гол на Тајрик Џорџ.

Менаџерот на Јунајтед, Мајкл Керик, не може да биде задоволен од развојот на настаните, затоа што испуштени се два важни бода.

„Тоа беа два фантастични удари од работ на шеснаесетникот и од надвор, па затоа не се случуваат често. Мислам дека направивме многу добри работи во текот на натпреварот за да се најдеме на таа позиција двапати. Некои од нашите напаѓачи играа навистина добро, изгледавме опасно и ги извршивме многу од работите што се обидувавме да ги направиме. И генерално мислам дека се справивме со нив доста добро.“ – рече Керик па додаде.

„Мислам дека се браневме длабоко кога требаше и се браневме добро како тим, но можеби требаше малку подобро да го менаџираме натпреварот. Боли бидејќи дојдовме тука за да победиме и се ставивме во добра позиција“, – додаде стратегот па поентираше.

„Не ја започнавме сезоната толку лошо. Не е толку лошо, бевме блиску до освојување на три бода денес, тоа е фудбалот. Има моменти кога можевме малку подобро, но ќе бидеме ок. Исклучително сме разочарани што двапати во натпреварот бевме во таа позиција, толку блиску до крајот. Целиот труд што го вложивме за да се најдеме во таа позиција во различни фази, а потоа да си заминеме така – не е убаво чувство. Се чувствувам како да сме загубиле.“ – заврши менаџерот на Јунајтед.

 

ПретходноБилиќ го објави списокот: Модриќ продолжува со Хрватска
СледноРојевиќ за ремито со Пелистер: Нијанси решаваа, жал ми е за оваа публика и овие момци