Од „Камп Ноу“ до третата лига во ОАЕ: Кристијан Тељо оди во пензија

96

Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо, на 35-годишна возраст објави дека става крај на професионалната кариера.

Шпанецот одигра 512 натпревари во шест различни земји, а најдобрите години ги помина во Барселона, Порто, Фиорентина и Бетис. Во последниот период од кариерата настапуваше на Блискиот Исток, а од октомври 2025 година беше член на Палм Сити, клуб од третата лига на Обединетите Арапски Емирати.

Тељо со Барселона ја освои титулата во Ла Лига, со Бетис Купот на Кралот, а со Лос Анџелес ја освои МЛС титулата. За сениорската репрезентација на Шпанија одигра само еден натпревар, додека со селекцијата до 21 година во 2013 година стана европски шампион.

ПретходноНавивачите на Валенсија ги нарекуваа фудбалерите „платеници“ (ВИДЕО)
СледноПолувреме:Закариќ “тресе“ за водство на Вардар во дебито на “Гроф“ Божовиќ!