Србите сакаат да го „украдат“ Гаштаров: Ќе направиме се за да заигра за Србија

247

Младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров се најде на радарот на Фудбалскиот сојуз на Србија, кој има намера да се обиде да го убеди талентираниот играч за врска во иднина да го избере српскиот национален тим, пишуваат денеска српските медиуми.

Гаштаров, кој настапува за Црвена звезда, во изминатиот период привлече големо внимание со своите настапи, а неговите квалитети очигледно не останаа незабележани ниту во ФСС. За неговиот потенцијал зборуваше Ранко Стојиќ, директор за стратегија и развој на српскиот сојуз, кој откри дека Србија внимателно го следи младиот фудбалер.

„Гаштаров е прототип на модерен играч за врска. Особено ни се допаѓа за позицијата последен играч за врска. Ќе видиме што може да направиме, ќе се обидеме“, истакнал Стојиќ.

Интересот на Србија доаѓа во момент кога Гаштаров веќе е дел од плановите на македонската репрезентација. Тој доби повик од селекторот Гоце Седлоски за настапите на Македонија во Лигата на нации, со што „црвено-жолтите“ јасно покажаа дека сериозно сметаат на него.

ПретходноДеспотовски: Нема предавање, одиме на две победи за втора фаза на ЕП 2026
СледноДимарко неизвесен за утрешното супер-дерби со Реал во ЛШ