Ветено и остварено: Комити тргнаа во офанзива… „Оди си Миленко“ грмна на ФФМ (ВИДЕО)

545

Навивачката група Комити го одржа ветенот од претходните денови. На вечерашниов дуел против Арсими, отворено навиваат против актуелното раководство на ФК Вардар на чело со извршниот директор Миленко Неделковски.

Познатото „Оди си Миленко“ од пред извесно време, сега повторно е актуелно, овојпат со ветување на Комити дека се додека Неделковски е на чело на клубот тие нема да го бодрат актуелниот шампион на Македонија.

Мора да се напомене дека за разлика од изминатите неколку меча овојпат Комити се во поприлично голема бројка….

 

ПретходноПолувреме:Закариќ “тресе“ за водство на Вардар во дебито на “Гроф“ Божовиќ!
СледноБерни Еклстон уапсен – носел пушка на аеродром!