Ужасни вести пристгинуваат од Германија, каде што нисколигашкиот фудбал го потресуваат вести за убиство!?
Извесен Маријус Т. полупрофесионален фудбалер од 35. години кој што настапува за тимот на Турс Рокемберг, е уапсен под сомнение дека го отрул со смртни последици неговиот соиграч Филип М. на еден пријателски пикник минатата година. И тоа со храна!!!
Трагедијата се случила во Дрезден, а истрагата дала резултат дури по една година. Според локалните медиуми, Маријус Т. го отрул својот соиграч во некаква супстанца ставена во оброк од риба, а наводно мотивот е освета за девојка.
Секако, повеќе детали околу сето ова ќе се дознаат наскоро, но ова секако дека е огромен шок во германската јавност.
„Се сомневаме дека мотивот за ова била одмазда. Убиствата со труење се многу ретки, поради што целиот случај е невообичаен. Врз основа на досегашните резултати од истрагата, убедени сме дека станува збор за убиство“, изјави окружниот јавен обвинител Томас Хобергер










