Џими Батлер ќе се врати на терените околу Нова година

191

Џими Батлер би можел да се врати на кошаркарските терени во јануари или февруари следната година, доколку неговото закрепнување од тешката повреда на коленото продолжи според планираното.

Според информациите на ESPN, 36-годишниот Батлер постепено го зголемува обемот на работа на теренот и засега нема проблеми во процесот на рехабилитација. Сепак, пред него има уште неколку важни фази од опоравувањето, па јануари или февруари засега се сметаат за оптимистички рокови.

Батлер заработи кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено во јануари годинава, поради што ја заврши сезоната. Во Голден Стејт не сакаат да брзаат со неговото враќање. Медицинскиот директор Рик Челини е познат по внимателниот пристап кон рехабилитацијата на повредените играчи, па рокот за враќање може да биде променет во зависност од напредокот на Батлер.

ПретходноИма „дил“: Меси се договори да го купи шпанскиот второлигаш!
СледноЛШ: Реал со грешките на Интер до победа, Халанд со два гола за три бода за Сити