Кил падна кај Монпеље, Вардар и Пик Сегед единствени со по пет бода во ЛШ

342

Во последниот меч од третото коло во Лигата на шампиони, дојде до помалку изненадувачки резултат. Кил падна на гостувањето кај Монпеље, кој славеше со убедливи 37-30 и му го нанесе првиот пораз на германскиот тим.

По овој натпревар, Вардар 1961 и Пик Сегед останаа единствените тимови кои немаат пораз по три кола во новата сезона. И двете екипи имаат по пет бода и го делат првото место на табелата во групата А.

Вардар синоќа го совлада Алборг, а претходно и Мешков Брест на домашен терен, сезоната ја отвори со реми кај Елверум. Македонскиот првак ќе има шанса токму против Монпеље на домашен терен да дојде до нова радост и да се зацврсти на лидерската позиција, дуелот се игра на 13. октомври.

ПретходноГотово е, Барселона одлучи да му даде отказ на Куман!
СледноНавивачите на Марсеј и Галатасарај предизвикаа прекин