Карик: Работевме напорно за да дојдеме до Лигата на Шампионите

39

По повеќегодишна апстиненција, тимот на Манчестер Јунајтед сезонава ќе биде дел од Лигата на Шампионите, најдоброто клупско натпреварување на светот.

Тимот од Олд Трафорд се мачи резултатски годиниве, но реално е бренд кој едноставно мора да е во ЛШ. Со менаџерот Мајкл Карик на чело, Јунајтед се избори за групната фаза, која што за нив стартува утре со домашниот меч против дебитантот тимот на Сабах од Баку.

„Работевме напорно за да бидеме тука. Сè уште се соочуваме со големи предизвици и навистина фантастични натпревари кои почнуваат утре, па затоа со нетрпение го очекувам почетокот“, рече Карик па одговори и на прашањето околу искуснито Лук Шо, кој што пропушти тренинг.

„Му дадовме дополнителен ден одмор за да се опорави. Ќе видиме како ќе биде утре, но ова не е нешто трајно или некаков специфичен план. На секој човек му се потребни различни работи“, објасни поранешниот играч од средниот ред за ситуацијата околу левиот бек.

ПретходноУО на ФФМ: Јакимовски на местото на Божиновски на местото претседател на Судискиот одбор
СледноТолку и од француското „ЗА“ Инфантино