Нашата најдобра одбојкарска репрезнетација вечерва во Софија бепе поразена од силната селекција на Бугарија со 3:0 во сетови. Пораз на стартот на ЕП 2026, но јасно е дека допрва од нашите момци треба да се очекуваат добри игри и подобри резултати.
По средбата свој коментар на мечот имаше Филип Савовски, средниот блокер во нашата репрезентација.
„Со оглед на тоа дека игравме против светскиот вицешампион и тоа во Софија, пред нивна публика, пред полна сала, мислам дека дадовме солиден отпор. Имавме наши моменти, имавме и добри и лоши моменти. Имаше моменти кога не можебме да го смириме нивниот сервис и мислам дека тоа беше клучниот фактор што не можевме да избориме некој сет. Сепак што е тука е. Морам да кажам дека бевме доста добри во блок, во напад исто ако се знае дека Бугарите имаат доста висок блок. Кога се ќе се собере мислам дека тоа беше добар натпревар, добар почеток. Сега се осврнуваме на следниот противник и се надеваме на подобар резултат против Украина“ изјави Савовски.










