Евроволеј 26: Македонија се бореше два сета, Украина пресилна во третиот

59
фото: CEV.eu

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во одбојка, откако во вториот натпревар од групата Б загуби од Украина со 3:0 во сетови (25:22, 25:22, 25:10).

Избраниците на селекторот Миленкоски одиграа рамноправно во првите два сета и долго време му парираа на еден од фаворитите во групата. Македонија имаше свои шанси да направи изненадување, но во завршниците на двата сета Украинците беа поконцентрирани и ги освоија со идентични 25:22.

фото: CEV.eu

Најголеми проблеми за македонските одбојкари претставуваше силниот сервис на противникот, кој создаваше тешкотии во приемот. И покрај тоа, Македонија во првите два сета успеваше да остане во игра и да му зададе сериозен отпор на фаворизираниот противник.

Во третиот сет, сепак, дојде до целосен пад во играта на македонската репрезентација. Силниот сервис на Плотницки направи голема разлика, а Украина брзо стигна до убедлива предност од 14:4. До крајот немаше неизвесност околу победникот, па селекторот Миленкоски им даде поголема минутажа на играчите кои дотогаш имаа помала улога.

Никола Ѓоргиев и Филип Савовски реализираа по 8 поени, додека Љафтов имаше 7.

ПретходноЈакировиќ е менаџер на месецот во Премиер лигата
СледноПолувреме: Шкендија со водство и мајсторија на Бесарт за гол бр.230, Тиквеш – Струга ТЛ 1:2 (ВИДЕО)