Шелтон и Зверев во битка за трофејот на УС Опен

33
фото: The Tennis Letter @TheTennisLetter (X)

Бен Шелтон и Александар Зврев ќе се борат за трофејорт на последниот Гренд Слем годинава, УС Опен.

Шелтон го совлада сонародникот Френсис Тијафо со 3:1 и се пласираше во финалето на УС Опен. Американецот загуби во првиот сет со 6:4, но потоа направи голем пресврт и ги доби следните три со 6:3, 6:3 и 7:5. Шелтон одигра одлично во клучните моменти и со силниот сервис успеа да го скрши отпорот на Тијафо.

За 23-годишниот Американец ова е прво Гренд слем-финале во кариерата, откако во четвртфиналето го елиминираше бранителот на титулата Карлос Алкараз.

Во финалето Шелтон ќе игра против Александер Зверев, кој претходно во полуфиналето го совлада Карен Хачанов во три сета. Германецот славеше со 6:3, 7:6 и 7:6 и ќе се бори за својата втора гренд слем-титула.

Финалето во Њујорк ќе биде и дуел на американската надеж Шелтон против вториот носител Зверев. За американскиот тенис, евентуалната титула на Шелтон би била прва на машкиот УС Опен по триумфот на Енди Родик во 2003 година.

ПретходноЛа Лига маратон: Во 10 дена ќе се одиграат дури три кола од сезоната!?
СледноНа отпишаниот Ришарлисон му пропадна и трансферот во Васко де Гама