Млад фудбалер на Тетекс загина во сообраќајна несреќа

449

Трагична вест утрово ја потресе македонската фудбалска јавност, откако беше потврдено дека фудбалерот на Тетекс, Даниел Николовски, го загубил животот во сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила во текот на ноќта, а младиот Николовски имаше само 21 година.

Николовски беше дел од фудбалското семејство на Тетекс уште од најмладите категории и ги помина сите младински селекции на клубот. Потоа, својата кариера ја продолжи во сениорскиот тим, каде што беше дел од екипата и важеше за фудбалер посветен на клубот. Минатата сезона Николовски го носеше и дресот на хрватскиот клуб Витез.

ПретходноДодека се тие лица во федерација – не играм за репрезентација!
СледноПоложани за ремито со Арсими: Многу лесно примаме голови