Пелистер во меч од 2.коло во домашната ракометна Суперлига успеа да го победи Мулти Есенс со 38:27. Очекувано, ама треба да се знае воп голем дел од првото полувреме гостите одиграа фантастично и успеаја едно време да имаат и +4 голови разлика, што секако дека делуваше сензационално. Од друга страна треба да се знае дека стратегот на битолчани, Лино Червар и тоа како комбинираше со составот.
Сепак на пауза беше 18:14 за домашните кои во финишот од првото полувреме успеаја да направат пресврт.
Во продолжение од средбата, во тоа второ полувртеме веќе немаше дилеми, Пелистер во целост ја оправда улогата на голем фаворит и дојде до првата победа сезонава, на крајот таа беше и убедлива.
Белистојаноски со 8 голови беше најефикасен кај победничкиот состав, секако и на мечот, додека кај гостите тоа беше Трајковски кој запиша седум голови.










