Алкалоид победнички во Битола, победија и ГРК Охрид и Вардар

168
ФОТО:.facebook.com/rkalkaloid

Вечерва се одиграа уште пет меча од 2.коло во новата сезона во ракометната Суперлига. Алкалоид победнички во Битола. Тимот на Кирил Лазаров славеше на гости кај Пелистер 2 со 27:31.

Донашните ракометари колку и да беа мотивирани и борбени, сепак не успеаја да ги расипат сметките на тимот кој важи за еден од најголемите фаворити за висок пласман. Момците на Лазаров едноставно рутински си ја одработија работата. Во првата фаза од сребата беше и 3:3, за да потоа од таа 15.минута кога беше 3:5 и потоа работите си тргнаа по очекувана насока.

На крајот заслужена победа на Алкалоид за “два од два“ на стартот од новата сезона. Марко Митев постигна шест, а Недад Костески пет голови кај победникот, додека Кристијан Симоновски кај домашните запиша девет погодици.

ГРК Охрид немаше никакви проблеми на “Езерското дерби“ и славеше со 33:16. Меч во кој големиот фаворит едноставно го прегази соседот. Ова беше прва победа сезонава на за тимот на Борис Ројевиќ. Доминик Мате со седум голови беше најефикасен кај победничкиот состав, но и натпреварот.

Вардар на гости кај Куманово одигра колку што требаше и успеа да дојде втора победа сезонава. Резултатот од 30:32 не кажува дека било така лесно за шампионот, посебно ако се знае дека во последната минута резултатот беше во еден момент и 30:31, но сепак тимот на Иван Чупиќ ги контролираа настаните на теренот.

Костов кај домашните запипа неверојатни 15 голови, додека кај гостите Тузолана и Фадуил погодија по шест пати.

Тиквеш на свој терен го победи Бутел со 38:33. И за кавадарчани ова беше нивен втори триумф во вториот меч.

Драма на мечот меѓу Младост и Прилеп, кој заврши со 29:30 и тоа со победничкиот гол на Димитриоски во последните секунди од средбата.

ПретходноСе повреди Фарахан: МЗТ Скопје во пријателски меч ја победи Бора
Следно“Новата“ Победа денеска собра 3.000 гледачи на стадионот во Прилеп! (ФОТО)