Херера го реши дербито во БиХ и му донесе голема победа на Борац Бања Лука

48

И дефинитивно Себастијан Херера е во добра форма, а тоа селекторот Гоце Седлоски може да го радува во пресрет на настапите на нашаѕта репрезентација во Лигата на Нации.

Македонскиот репрезентативец, вечерва во големото дерби во БиХ успеа со гол во 45.минута да му донесе победа од 1:0 на својот Борац Бања Лујка против Зрињски.

Ова е прв пораз на Зрињски сезонава, а токму со овие три бода тимот од Бања Лука фати приклучок со лидерот во битката за титулата.

Вториот наш репрезентативец и член на Борац, Дамјан Шишковски остана на клупата, македонскиот голман повторно не доби минутажа.

ПретходноЕлмас остана на клупа: Аталанта дома шокирана од Каљари!
СледноАрсенал и натаму е перфектен: Магија на Гимараеш + Раја и Сака доволно за победа!