Македонската одбојкарска репрезентација денеска на дурлот од 3. коло во групната фаза на ЕП 2026 против европскиот шампион Полска ќе биде без својот капитен и еден од најважните играчи, Никола Ѓорѓиев.
Ѓорѓиев нема да настапи поради полесна повреда на грбот, поради која стручниот штаб одлучи да не ризикува со настапот на искусниот коректор.
Капитенот е еден од главните носители на македонската игра и традиционално е меѓу најголемите закани за противничкиот блок. Денеска ќе добие поштеда да за може подготвен да ги дочека дуелите со Португалија и Израел во вторник и среда.










