ВМФЛ: Пелистер убедлив на Чаир, Новаци славеше против Детонит

232
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Попладнево се одиграа уште четири меча од 5.коло во ВМФЛ. Пелистер и дефинитивно влезе во победничка серија. Битолчани попладнево славеа на Чаир кај Шкупи со 0:4. Стрелци на головите беа Христов два, Наумоски и Стојанов.

Кожув како гостин славеше кај Осогово со 0:1, додека Охрид го победи Еуромилк со 2:1. Можеби се очекуваше поубедлива победа на фаворитот, но сепак победа си е победа.

Новаци на свој терен го победи составот на Детонит со 3:1. Од 19 часот ќе се игра мечот во Струмица меѓу Беласица и Тетекс, а вчера Македонија ЃП со 1:0 го побед Камјани. Мечот Работнички – Брера е одложен.

РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО

Шкупи – Пелистер 0:4

Охрид – Еуромилк 2:1

Осогово – Кожув 0:1

Новаци – Детонит 3:1

Беласица – Тетекс (19 часот)

ВЧЕРА

Македонија ЃП – Камјани 1:0

Работнички – Брера (одложено)

ПретходноАрис нема зошто да стравува, Димитријевиќ го доигра мечот со Црвена Звезда
СледноДодев „гази“, нов гол и асистенција за Алтаи (ВИДЕО)