Јубилејната 30. сезона ќе биде отворена во СЦ „Јане Сандански“

189

Денеска стартува 30. јунилејна прволигашка кошаркарска сезона. Дефинитивно по воведот во подготовките, поточно пријателските натпревари не очекува и тоа како интересна битка за тронот.

Бранител на двете круни е МЗТ Скопје. Но, тимот од Аеродром овој пат има силна конкуренција. Речиси сите клубови добро се „потковаа“, па изненадувањата ќе бидат неизбежни.

Дебитанската улога ја имаат Феникс 2010 и Ангели. Оваа сезона најсилното кошаркарско натпреварување брои најмногу тимови од Скопје. Вкупно седум клуба од главниот град имаат прволигашки статус.

Покрај двата дебитанти, тука се МЗТ Скопје и МЗТ Скопје 2, Работнички, ТФТ и Академија ФМП, останатите места им припаѓаат на Пелистер, Еуро Никел, Кожув, Куманово и Гостивар.

Секој има свој специфичен начин на играње, секој направи промени за да го надокнади пропуштеното од минатата сезона. Прв на оваа листа е Пелистер, имаше силен старт, но неуспешен финиш. За титулата ќе гризе и Еуро Никел, лани најавија дека имаат сили за многу повеќе, не треба да се избришат ниту ТФТ, Куманово, Гостивар, Академија ФМП.

За градските ривали, МЗТ Скопје и Работнички веќе е јасно, нема сезона во која тие се без шампионски амбции.

Први да го отворат 30. јубилејно издание ќе им припадне на Феникс 2010 и Академија ФМП, мечот се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 14 часот.

ДВОЈКИ 1. КОЛО

2. ОКТОМВРИ (САБОТА):

14.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

3. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ – Битола

4. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

17.30: Кожув – ТФТ

Сала „26.април“ – Гевгелија

18.00: Куманово 2009 – Ангели

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ПретходноБарселона со скромен буџет за новиот тренер
СледноЛегендата на Реал не крие: Би ја водел Барса, зошто да не!