Спортската јавност, но и цела Македонија е потресена од по трагичната вест за смртта на младиот 21-годишен фудбалер Даниел Николовски. Големиот талент го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец од клучката за Маврово кон Гостивар.
Веста за загубата на младиот фудбалер ги потресе сите спортисти, особено во неговиот тим. Рамадан Шерифи, кој постигна гол за ФК Дрита Боговиње на дуелот со Јехона (7:1) го посвети на фудбалерот Даниел Николовски. Даниел летово се приклучи на екипата на Дрита Боговиње.
Николовски покрај својот матичен клуб Тетекс во својата кариера настапуваше за германскиот нисколигаш Релинген Фремерсдорф и хрватскиот тим Хрватски Витез од Задар.










