Фан зона за навивачите пред дуелот на Вардар и Нант

119

Се е подготвено за нов ракометен Лига на Шампиони спектакл во Скопје. РК Вардар во рамките од второто коло од ов натпреварување на домашен терен во салата Јане Сандански го пречекува француски Нант, и се најавува вистински спектакл.

Организаторот секако се грижи за своите навивачи, и договорена е фан зона пред салата која што ќе започне од 16:45 часот. Самиот меч стартува два часа порано односно во 18:45. Билетите се веќе во продажба и се очекува преполна сала.

Што се однесува до самиот настан пред мечот, организаторот најавува „македонска“ журка што се вели.

„Во чест на 35 години од независноста на Македонија целата музичка програма во фан зоната ќе биде посветена на македонската музика. Со песна и голема забава, заедно да го најавиме натпреварот кој го чекаме цели пет години“ – велат од РК Вардар.

ПретходноНов гол, нова победа и одново во тимот на колото за Херера
СледноБилетите за гостинскиот меч се во продажба: Словенија – Македонија во живо за 1600 денари