Од Фудбалската Федерација на Македонија предмалку објавија дека се пуштени во продажба билетите за дуелот на нашата А репрезентација на гостински терен против селекцијата на Словенија во рамките од новиот циклус на Лигата на Нациите.
Овој дуел се игра на 29.09.2026 година во Љубљана со почеток од 20:45 часот на стадионот Стожице. Обезбеден секако не сектор за гостински навивачи, за кој што билетите веќе се достапни.
Истите чинат 1600 денари, а според информациите би требало за бргу да бидат и купени, затоа што во тој дел од Европа, има доста голема македонска дијаспора.
Три дена претходно секако, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе се судрат со Швајцарија на домашен терен.










