„Четири од четири“ за римјаните: Рома си гази, ама и Комо победнички против Парма

54
ФОТО:facebook.com/TorinoFootballClub

Вечерва од терминот од 18.30 часот во рамките на 4.коло во Серија А се одиграа два меча.Во Торино истоимениот состав на свој терен беше поразен од Рома со 0:2. Стрелец на првиот гол беше Мален во 40.минута, додека конечните 0:2 ги постави Писили во 90+3.минута. Ова беше четврта победа на “волчицата“ на исто толку одиграни мечеви од стартот на сезоната. Нема што, Рома си гази. Четири меча, четири победи, 12 бода и гол разлика 12:1. Затоа е лидер на табелата.

И Комо вечерва потврди дека има тим за висок пласман. Четата на Цеск Фабрегас на свој терен рутински славеше против Парма со 2:1 и тоа со головите на Рамон и Каики, додека гостите го ублажија поразот со голот на Ромеро во 90+2.минута.

Вечерва од 20.45 часот во Милано шампионот Интер го дочекува Удинезе.

ПретходноПознат распоредот за 8.коло: Вардар – Шкендија (А) се игра в сабота на ФФМ под рефлектори!
СледноМојсов со реми дебитираше на клупата на Земун