Уф, каков меч вечерва на “Џузепе Меаца“ во Милано? Уште еден спектакл, уште една нова победа на шампионот за стартни “четири од четири“. Интер – Удинезе 5:3, ама во 16.минута беше 0:2 за гостите од Удине. Иако фановите на Интер, околу 70.000 на триибините ги фаќаше нервоза, сепак играчите на стратегот Кристија Киву како да рекоа – доста е и тргнаа со напади и голови.
Претходно Абанква и Екелканп стрелаа за гостите.
Следуваше спектакуларниот гол на Карлос Аугусто во 26.минута за 1:2, потоа израмни Барела па на одмор се замина со 2:2.
Во второто полувреме вистинско газење. Турам, Еспосито и Бони стрелаа за 5:2, во самиот финиш гостите преку Геје во 90.минута ги поставија конечните 5:3.
Спектакл, осум голови и сега само Интер ја следи Рома со максимален учинок во Серија А по првите 4 кола.










