Тоа ќе биде рекорд во 21.век: Финалето на ЛШ во 2029 пред 105.000 гледачи!

131
ФОТО:x.com/FCBarcelona

По состанокот на Извршниот комитет на УЕФА одржан во Солун, беше одлучено финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2028/29 да се игра во Барселона. Новиот стадион на Барса „Спотифај Камп Ноу“ ќе биде домаќин на најважниот натпревар во клупскиот фудбал, и го победи „Вембли“ во таа трка. Шпанците особено се залагаа Барселона да биде домаќин на големото финале, а поддршка им дадоа Градскиот совет на Барселона, Владата на Каталонија, Владата на Шпанија и Фудбалската асоцијација на истата земја. Овој шпански град има сите можности да организира настан на високо ниво, особено откако е засилен од двата блиски аеродроми во Реус и Жирона. Така, две од следните три финалиња на Лигата на шампионите ќе се одржат во Шпанија, а натпреварот за трофејот во 2029 година е закажан за сабота, 2 јуни. Впечатлив е фактот дека, кога реконструкцијата на „Спотифај Камп Ноу“ ќе биде целосно завршена, тој ќе може да прими 104.600 гледачи, што ќе биде рекордна посета во 21.век.

Најголемата посетеност во историјата на финалето за најважниот европски клупски трофеј е забележана во 1960 година кога Реал и Ајнтрахт играа на „Хемпден Парк“. Во тоа време, присуствуваа 127.621 гледачи. Оттогаш, рекордот го држи стадионот „Ноу Камп“, кој беше домаќин на финалето во 1989 година кога играа Милан и Стеауа и кога беа присутни 97.000 луѓе.

Од друга страна финалето во ЛШ во 2028 година ќе се одржи на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Претходно“Бомба“ од С. Арабија: Роналдо го купува Ал-Наср!
СледноПобеда со пресврт за Јанев на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години