Попладнево од 18 часот фудбалерите на Брера од Струмица го играат дуелот со Санта Колома во првото коло од младинската Лига на шампионите на УЕФА. Првакот на Андора го предизвикува најдобриот младински состав во Македонија во изминатата година. Струмичани од вчера се во Андора, тренираа на теренот каде денеска ќе го одмерат силите со врсниците од земјата во која се игра аматерски фудбал.
Затоа струмичани се надеваат дека денеска можат да стигнат до историски резултат (да не загубат), со што би се избориле за шанса пред реваншот кој се игра на 14 октомври во Македонија.
Она што е главен џокер за фудбалерите на Брера е тоа што тие веќе со години се меѓу најдобрите младински екипи во сите генерации во земјава а дел од играчите кои ќе настапат денеска играат и за сениорскиот состав на оваа екипа (затоа беше и одложен првенствениот меч со Работнички).










