ВЛТ НАВИВА: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“

44

По враќањето во елитното европско натпреварување, РК Вардар 1961 продолжува со големите предизвици во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” вечерва, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански” го пречекуваат францускиот Нант во натпревар од 2. коло.

По петгодишната пауза од Лигата на шампионите, секој европски натпревар за Вардар носи посебна енергија. Кога се игра пред домашната публика, „Јане Сандански” повторно станува место каде што ракометот, емоцијата и навивачката страст се спојуваат во едно.

Нант е сериозен европски противник, но Вардар низ својата историја повеќепати покажал дека на домашен терен знае да одигра големи натпревари. Поддршката од трибините ќе биде важен дел од атмосферата во која „црвено-црните” ќе го бараат патот до нов европски успех.

Како партнер и силен поддржувач на клубот, Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат е со Вардар, со поддршка за тимот во новата европска сезона.

Пред големиот ракометен дуел, Вардар подготвува вистински спектакл и за своите навивачи. Два часа пред почетокот на натпреварот, од 16:45 часот, на платото пред СЦ „Јане Сандански” ќе биде отворена голема црвено-црна фан-зона за сите љубители на Вардар. Посебно место во фан-зоната ќе имаат двата трофеи од Лигата на шампионите, освоени од Вардар во 2017 и 2019 година. Пехарите ќе бидат изложени за навивачите, кои ќе имаат можност да се фотографираат со највредните трофеи во историјата на клубот.

И тимот на ВЛТ ќе биде тука, заедно со вардаровите навивачи.

ПретходноДецата на Брера во Андора бараат резултат за историја
СледноЈетон Беќири е новиот тренер на Габала од Азербејџан!