Македонија покажа зошто е на Европско: Убедлив триумф над Израел за крај и потврда на реномето

186
фото: CEV.eu

Она што не успеавме да го покажеме на вчерашниот дуел со Португалија, успеавме да го направимме денеска. Македонија во последниот натпревар на Евроволеј 26 успеа со максимални 3:0 (25-21, 25-23, 25-22) да ја совлада селекцијата на Израел и на најдобар можен начин да го заврши настапот на четвртото европско првенство во низа. Момците на Јошко Миленкоски по психолошкиот крах вчера, денеска ја покажаа целата своја зрелост и одлучност и успеаја да ги надминат сите проблеми за првата победа на континенталниот собир.

Македонија имаше извонреден почеток на дуелот. Тргнавме силно, мотивирано и тоа веднаш даде резултат. Успеавме да направиме добра разлика од четири поени (8:4) што го примора израелскиот селектор на прв тајм-аут. И по него предноста беше на наша страна, затоа што игравме пожртвувано во одбраната и сигурно во нападот (12:7). Израел успеа да се консолидира и со една долга серија поени да дојде на само еден разлика (15:14). Сепак, со концентрирана игра успеавме да се вратиме во ритам и да одржуваме континуирана предност. Во завршницата на сетот Израел направи неколку грешки, а ние сосмечот на Ѓоргиев дојдовме до 25:21 за водство од 1:0 во сетови.

фото: CEV.eu

Вториот сет тргна израмнето. Израел искористи неколку ситуации и прв дојде до плус два (4:6), но ние успеавме во следните два напади да се вратиме за 6:6. И двете селекциии продолжија со размена на поени во егал, по што кон средината на сетот со неколку извонредни блокови на Филип Савевски, нашата репрезентација направи предност од 14:12. Неизвесноста и минималната предност ја задржавме се до финишот, кога успеавме да дојдеме до предност од 21:24 и три сет топки. Првите две не успеавме да ги претвориме во предност за освојување на сетот, но последната Ѓорѓи Ѓоргиев успеа да ја спроведе во противничкото поле за 25:23 и водство од 2:0.

Израел подобро го отвори третиот сет и на стартот дојде до 2:4. Ние брзо успеваме да се вратиме во ритам и да дојдеме до првата предност од два поени на 9:7. Серијата продолжи на наша предност од 12:9 израелскиот селектор мораше да повика тајм-аут. До средината на сетот гледавме крајно израмнета борба со многу видео-челинџ ситуации поради спорните моменти. Македонија во завршната третина на сетот влезе со предност од 17:15. И покрај сите обиди на Израел на се врати во игра, ние успеавме со серија поени да дојдеме до 24:20 и по две неискористени меч топки, Маџунков да стави точка на мечот за 25:22 и триумф од 3:0.

фото: CEV.eu

Никола Ѓоргиев одигра перфектен меч со 20 поени, извонреден беше Стојан Илиев кој имаше 14 реализации. На позицијата среден блокрен Маџунков имаше 7, а Савовски 5 поени од кои два блока, додека Љафтов средбата ја заврши со 8 реализации.

Македонија со оваа победа покажа дека не случајно по четвртипат е дел од континенталната елита. Оваа генерација во заминување потврди дека македонската одбојка треба и мора да добие нова генерација која ќе ги продолжи овие успеси. Владо Милев денеска за последен пат беше во дресот со националните бои, а својот последен селекторски меч го имаше и професорот јошко Миленкоски.

ПретходноНа 10 дена до Швајцарија – теренот на неколку места е жолт и нема трева!
СледноРакометниот карван продолжува, а следната станица е Струга