Диего Коста под истрага поради обложувалници!

348

Диего Коста, прославниот напаѓач, инаку екс шпански репрезентативец секогаш е во центарот на вниманието. Без разлика дали кога игра добро и постигнува голови или пак кога “прави“ инциденти на терените. Сепак ова е нешто посебно, многу полошо.

Имено актуелнниот член на Атлетико Минеиро, е под истрага и тоа поради обложувалници. Како што пренесуваат бразилските медиуми тој се поврзува со една онлајн обложувалница, тој наводно бил еден од финансиерите на таа обложувалница и помагал на одредени луѓе или криминалци да „перат“ илегални пари, наводно.

Се разбира дека допрва клопчето ќе се одмотува и истрагата ќе покаже дали навистина Диего Коста е вмешан во нелегални работи.

ПретходноТешко дека Барди ќе игра со Лихтенштајн и Германија!
СледноМилевски: Силна е Германија, но силна е и Македонија!