Како што пренесува италијанската “Газета“, раководството на ПСЖ ги стартувало преговорите за трансферот на Ерлинг Халанд следното лето. Познато е дека за сума од 75 милиони евра отштета, тој може да си оди од Борусија Дортмунд. Секако дека тоа е “мала“ сума ако се знае дека “кралевите“ за Мбапе “даваа“ дури 200 милиони, но сепак не го добија.
Од друга страна Халанд и не е баш така ефтин. Имено неговиот менаџер Мино Раиола побарал 40 милиони провизија, потоа треба некое милионче да добие и таткото на Халанд.
Сепак тоа не е ништо во споредба со годишната плата која Халанд ја побарал, и тоа нето. А таа изнесувала неверојатни 50 милиони евра, што е многи поголема плата од онаа што ја добиваат Роналдо, Меси, Нејмар или Мбапе.
Се наведува дека и покрај релативно малата откупна клаузула, ПСЖ или било кој друг клуб, ангажманот на Халанд би го чинел неверојатни 300 милиони евра.