Мартин Томовски, македонскиот ракометен репрезентативен голман е во фантастична форма во моментов. Тој вечерва за својот тим Битигхајм во Бундес лигата имаше одличен натпревар со 12 забележани одбрани. Иако тимот на Хановер победи со 29:31, сепак, одбраните на Томовски се во фокусот на јавноста.
Сепак, ракометот е екипен спорт, и Томовски не можеше сам што се вели да го спаси својот состав, но сепак, статистиката вели дека тој има 30% успешност на одбраните.
Томовски во моментов е на второто место на листата на најдобрте голмани во Бундеслигата, со 53 одбрани, веднаш зад Давид Шпет од Рајн Некар Левен.










