ГРК Тиквеш нема право на грешка: Им се извинуваме на фановите, сакаме повторно да нè бодрат!

52

Само после 24 часа, ГРК Тиквеш ќе го одигра реванш натпреварот во ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани играа пред домашна публика, но за жал тоа не беше доволно за да дојдат до победа против Еш.

Тимот од Луксембург на првата средба одиграна во СЦ „Јасмин“ славеше со 30-27. Гостите одиграа многу подобро во второто полувреме, ГРК Тиквеш неколку пати дојде до гол негатива, но немаше сили за целосен пресврт.

„Пред сè, сакаме да им се извиниме на нашите Лозари и на цело Кавадарци. Направивме грешки, а противникот знаеше да ги искористи.
Но, ова беа само првите 60 минути, нè очекуваат нови 60 минути и нова борба.
Можам да ветам дека ќе дадеме 1000% од себе за Тиквеш и за Кавадарци. Ќе се бориме до последната секунда и ќе оставиме сè на теренот.
Уште еднаш им се извинуваме на нашите навивачи и ги повикуваме повторно да дојдат во „Јасмин“ и да бидат со нас. Потребна ни е вашата поддршка и ветуваме дека нема да ве разочараме.
Еден тим. Еден град. Заедно за Тиквеш“, изјави Азис бен Махфурх. 

Кавадарчни, исто денеска пред своите фанови ќе имаат шанса да го поправат впечатокот и да дојдат до резултат кој ќе значи пласман во следното коло во ЕХФ Европскиот Куп, секое друго сценарио за нив ќе значи крај на европската авантура.

Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноМакедонија со четири тенисери и тенисерки на Европското првенство во Парма
СледноПрв Женски ракометен форум: Драгана Цвијиќ остави свој „печат“ во историјата на ЖРК Вардар