Ракометната федерација на Македонија направи значаен и уникатен чекор кога станува за жените во овој спорт. За време на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ во Охрид, ќе се одржи Првиот Женски ракометен форум.
Имињата кои ги одбра РФМ се навистина уникатни, а сите кои сонуваат да бидат на врвот ќе имаат можност да ги слушнат приказните на едни од најдобрите ракометарки од регионот.
Од една од најдобрите пикерки на својата генерација до нова улога покрај теренот, Драгана Цвијиќ ќе биде дел од Првиот Женски ракометен форум.
Двократна освојувачка на Лигата на шампионите со Будуќност, во 2012 и 2015 година, и светска вицешампионка со Србија во 2013 година, Цвијиќ речиси две децении беше дел од самиот врв на европскиот женски ракомет. На Светското првенство во 2013 година беше избрана и за најдобар пикер на турнирот.
Посебна врска има и со македонската публика. Во сезоната 2017/18 го носеше дресот на Вардар и со скопскиот клуб стигна до финалето на Лигата на шампионите.
По завршувањето на богатата играчка кариера во 2026 година, Цвијиќ остана во ракометот. Денес е помошен тренер на женската сениорска репрезентација на Србија, каде своето огромно искуство од теренот го пренесува на новите генерации.










