Наполи само со бод од гостувањето кај Фиорентина

25

Во првиот меч од денешната програма во Серија А, тимот на Наполи не успеа да ја орпавда улогата на фаворит на гостувањето кај Фиорентина и одигра само 1:1, освојувајќи само бод.

Гостите реално и поведоа на овој меч преку голот на шкотланѓанецот били Гилмор во 23 минута.
Сепак, домаќинот навреме се врати резултатски во игра и успеа да израмни во 51. минута.

Стрелец на голот Алехандро Хименез кој што има солидна серија на мечеви. По две асистенции против Венеција и Пиза, овојпат реализираше во мрежата на Наполи.

До крајот на мечот мрежите не се затресоа, и Фиорентина реално може да биде задоволна затоа што веќе трет меч како е непоразена.

Наполи со овој освоен бод е на деветтата позиција со вкупно седум поени од пет меча, додека Фиорентина има четири поени на своето конто и е на две места над опасната зона.

 

ПретходноМладост Богданци со плакета за РК Вардар по повод успесите и промоцијата на македонскиот ракомет
СледноПедро Акоста ја забележа првата победа во МОТО ГП