Гаштаров: Чест и привилегија е да се биде дел од А репрезентација

198

Македонскиот национален фудбалски тим денеска го има собирот по повод претстојните мечеви од Лигата на Нациите против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Б дивизијата е место каде што има сериозен квалитет, но Македонија местото меѓу нив го заслужи.

Исто како што Матеј Гаштаров заслужи да биде дел од А националниот тим по одличните настапи и минутажата во Црвена Звезда.

„Секако дека сум пресреќен што сум овде. Чест и привилегија е да се биде тука. Дали очекував се ова да ми се случи за само еден месец? И клупска минутажа, првотимски статус, Европа, а еве сега и А репрезентација? Искрено не. Но кога ете сето тоа ми се случи, со цела сила се посветувам на предизвикот. За ова работев сиот овој период. Не чека тешка задача но подготвен сум. Сигурен сум дека одлично ќе бидам прифатен од страна на постарите“ – изјави на собирот на Македонската фудбалска репрезентација, Матеј Гаштаров.

 

ПретходноМЗТ Скопје со нов спонзор во сезоната со три фронта
СледноМелиќи: Имаме силна група, ќе ја искористам секоја минута дадена од селекторот