Лионел Меси ја промовираше специјалната опрема со која ќе го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на Аргентина. 39-годишната легенда објави видео на кое ги подготвува копачките и ја менува една за друга репрезентативна опрема, со порака: „Последниот натпревар… дрес за цел живот“.
Меси официјално ќе се прости од националниот тим на 6 октомври, кога Аргентина ќе игра против Бенин на „Монументал“ во Буенос Аирес. Специјалниот дрес е со неговото презиме и бројот 10 во златна боја, а околу бројката е поставено „Мајското сонце“, еден од националните симболи на Аргентина.
💔🇦🇷 LA CAMISETA ESPECIAL QUE USARÁ LIONEL MESSI EN SU ÚLTIMO PARTIDO. pic.twitter.com/OivI0bEpVd
— Sudanalytics (@sudanalytics_) September 21, 2026










