Артета и Арсенал ставија крај на шпекулациите!

110

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се согласи да го продолжи договорот со англискиот гигант, со што завршија месеците шпекулации за неговата иднина.

Неговиот тековен договор требаше да истече на крајот од сезоната, а преговорите со раководството на клубот беа успешно завршени на обострано задоволство.

Според новиот договор, шпанскиот стратег ќе добие значително зголемување на платата во споредба со претходните 12 милиони евра годишно, со дополнителни бонуси до 6 милиони евра.

Деталите за точната должина на договорот сè уште не се официјално потврдени, но сигурно е дека Артета ќе помине најмалку една деценија на клупата на „Топџиите“.

Шпанскиот стратег пристигна во Лондон во декември 2019 година и оттогаш постепено го трансформираше тимот во еден од главните кандидати за сите трофеи.

Самиот Артета неодамна ги увери навивачите со изјава дека не треба да се грижат за неговиот престој во клубот.

„Тие немаат причина да се грижат затоа што сакам да останам тука. Исклучително сум среќен и многу сум благодарен за можноста да работам со луѓето со кои работам“, рече тренерот на лондонскиот тим.

ПретходноМурињо го загуби дербито, Реал донесе одлука за неговата судбина
СледноСара Митевска избори осминафинале на ЕП во Парма